Home > ЗА НАС
0 views 1 sec 0 Comment

ЗА НАС

- 01/11/2023

МИСИЈА

Мисијата на Институтот за медиуми и аналитика ПОЛИГРАФ – МК, како невладино и непартиско здружение на граѓани кое ја практикува слободата на изразувањето – е унапредување на демократијата и владеењето на правото, унапредување на човековите права во јавните комуникации, развој на критичкото мислење и дебатирање во медиумите, промовирање на медиумска писменост и етичко новинарство, намалување на штетите од говорот на омраза, дискриминаторскиот говор и дезинформациите во медиумите, промовирање на културен плурализам во медиумите и општеството, и подобрување на професионалните стандарди во медиумскиот мониторинг и анализата на медиумите.

Цели

Здружението на граѓани ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ И АНАЛИТИКА ПОЛИГРАФ – МК од Скопје ги остварува следните цели:

– Промовирање на демократијата, владеењето на правото, човековите права и правото на слободата на изразување, кое подразбира и одговорно изразување во медиумите и јавноста кое не им штети на правата на другите;

– Унапредување на јавните комуникации и културата на комуникација во медиумите и на социјалните мрежи;

– Развој на критичкото мислење и дебатирање во медиумите и пошироко, за теми од поширок јавен и општествен интерес;

– Промовирање на медиумска писменост, професионално и етичко новинарство, како и култура на етичко комуницирање на социјалните медиуми;

– Мониторинг, анализа, препораки и акции против дезинформации и говор на омраза и дискриминација во медиумите и на социјалните мрежи;

– Мониторинг, анализа, препораки и акции во случаи на прекршување на други човекови права во сферата на јавните комуникации;

– Промоција на културниот плурализам, почитувањето на разликите и интеркултурализмот во медиумите и општеството;

– Промоција и унапредување на професионалните стандарди и унапредување на алатки за медиумскиот мониторинг и анализата на медиумите;

– Создавање на медиумски алатки за јавни комуникации, кои ќе ја унапредуваат културата на комуникација ослободена од говор на омраза, дискриминација, насилство и штетни пропагандни влијанија, и ќе го зајакнат гласот на жртвите на човекови права во јавните комуникации;

– Подигање на свесноста на јавноста за демократијата, владеењето на правото, човековите права и правото на слободата на изразување ослободена од говор на омраза, дискриминација, насилство и штетни пропагандни влијанија и други нарушувања на човековите права во јавните комуникации;

Comments are closed.