Силни пораки на евроамбасадорот Гир за заштита на проверувачите на факти

На регионалната конференција во Скопје на Меѓународниот ден на проверка на фактите, покрај организациите кои работат на ова поле, учествуваа и претставници на меѓународната заедница, на институции и медиуми од земјава и регионот. Во својот говор, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир истакна дека проверувачите на факти треба да работат независно и без […]

„Полиграф“: Кои медиуми дезинформираа за оставка на хрватскиот претседател Милановиќ?

Медиумите честопати наседнуваат на сатирични текстови на 1-ви април, денот на шегата, објавувајќи ги како сериозни вести. Така, на 1 април 2024 порталот „Фокус“ објави наслов: „Хрватскиот претседател поднесе оставка“. Повикувајќи се на хрватските медиуми, Фокус извести дека „Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата“, а дека „претседателската функција ќе ја преземе независниот […]

„Полиграф“: Кој дезинформираше дека градоначалникот на Арачиново е ранет во вооружениот напад?

Веста за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, беше топ – тема во медиумите во земјава и регионот. И за овој случај, на многу портали се проширија неточни информации и дезинформации. По нападот на 1 април 2024 година, повеќе портали на албански јазик објавија неточни наслови дека градоначалникот на Арачиново бил ранет. „НАЈНОВА ВЕСТ: Ранет […]

Сарачини: Медиумите и проверувачите на факти да се борат заедно против дезинформациите

На Меѓународниот ден на проверка на факти, 2 април, во Скопје се одржа регионалната конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“,  организирана од Балканската мрежа за борба против дезинформациите, на која учествуваа експерти од регионот и ЕУ кои се занимаваат со проверка на факти и борба со дезинформациите, новинари, […]

„Полиграф“: Кој ширеше нови дезинформации со стара вест за експлозии на северот на Косово?

Стара вест – нова дезинформациja. Ова е чест начин што го употребуваат некои Фејсбук страници за да ја зголемат читаноста и кликовите, дезинформирајќи на публиката. Таков е случајот со веста за три силни експлозии на северот на Косово, која на 16 март 2024 ја објавија Фејсбук страниците на албански јазик „Актуелитете“, „Албанска традиција“ и „Живот […]

„Полиграф“: Кој дезинформира дека напаѓачите во Москва биле Украинци?

И за неодамнешниот терористички напад во Москва, некои медиуми во земјава продолжија со некритичко пренесување на непоткрепени тврдења и дезинформации од руски пропагандисти. На 23 март 2024, порталите Локално и Антропол објавија во наслов дека напаѓачите во Москва биле Украинци, пренесувајќи тврдења на руската пропагандистка Маргарита Симонјан. „Напаѓачите не се од ИСИС, тоа се Украинци“, се вели во насловите. […]

„Полиграф“: Дезинформација е дека Министерството за правда сѐ уште нема официјално побарано екстрадиција на Палевски

Медиумите честопати се доведуваат во ситуација да шират дезинформации со некритичко пренесување на непроверени изјави од партиски лидери. Таков случај е интервјуто на „Фокус“ со новиот претседател на партијата „Десна“, Тони Алексовски, објавено на 26 март 2024. Во интервјуто, тој изнесува неточни тврдења за екстрадицијата од Турција на осомничениот за убиства, Љупчо Палевски-Палчо, поранешен лидер на „Десна“: […]

Стојковски во „Полиграф“: Со Русија имаме мала реална соработка, а има големо присуство во јавниот дискурс

Кои се извори на странските влијанија и дезинформации во земјава и која е нивната цел? За овие прашања, „Полиграф“ разговараше со Андреја Стојковски,  извршен директор на Преспа институтот.

„Полиграф“: Кој дезинформира дека претседателските избори во Русија биле „апсолутно чисти и фер“?

Дел од медиумите продолжуваат некритички да пренесуваат фактички непоткрепени тврдења од Москва, станувајќи гласници на руската пропаганда. На 20 март 2024, порталот А1он објави наслов „Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер“, кој проби на агрегаторот на вести time.mk. Во насловот и во текстот се фаворизира пораката на Кремљ дека изборите „биле фер, и […]

„Полиграф“: Дезинформација е дека Албанците влегоа во Преамбулата со уставните измени поради Преспанскиот договор

Во медиумите често се објавуваат дезинформации за измените на Уставот. Таков пример е прилогот на ТВ Алфа објавен на 17 март 2024 со наслов: „Tиранската платформа за која Заев тврдеше дека не постои денес е македонска реалност“. Во текстот се тврди: „Со уставните измени поради Преспанскиот договор Албанците влегоа во преамбулата, односно наместо македонскиот народ […]