FEATURED
- 18/04/2024
21 views 0 sec

Што можат да направат медиумите и новинарите за подобро справување со странските малигни влијанија и дезинформации? За ова прашање, Полиграф разговараше со Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите, кој неодамна го промовираше  „Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“.

FEATURED
- 17/04/2024
34 views 0 sec

И за случајот во Србија со убиството на малата Данка, повеќе медиуми во земјава и регионот објавуваа многу шпекулации и погрешни информации. На пример, на 4 април 2024 неколку медиуми во земјава објавија наслови дека медиумите во Србија објавиле фотографии од осомничените за убиството на Данка. Агенцијата „Макфакс“ објави текст за „вториот убиец на Данка“, илустриран со фотографија на […]

FEATURED
- 16/04/2024
37 views 0 sec

По приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, тој стана мета на бројни невистини и дезинформации, како на социјалните мрежи, така и во медиумите. На пример, во емисијата „Само вистина“ на 8 април 2024 година на ТВ Канал 5, гостинот Драган Павловиќ Латас тврдеше дека Фуркан Салиу не е новинар. „Ако ги гледате фактите, кои се најбитни во суштина, […]

FEATURED
- 11/04/2024
22 views 0 sec

На регионалната конференција во Скопје на Меѓународниот ден на проверка на фактите, покрај организациите кои работат на ова поле, учествуваа и претставници на меѓународната заедница, на институции и медиуми од земјава и регионот. Во својот говор, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир истакна дека проверувачите на факти треба да работат независно и без […]

FEATURED
- 10/04/2024
34 views 1 sec

Медиумите честопати наседнуваат на сатирични текстови на 1-ви април, денот на шегата, објавувајќи ги како сериозни вести. Така, на 1 април 2024 порталот „Фокус“ објави наслов: „Хрватскиот претседател поднесе оставка“. Повикувајќи се на хрватските медиуми, Фокус извести дека „Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата“, а дека „претседателската функција ќе ја преземе независниот […]

FEATURED
- 09/04/2024
28 views 0 sec

Веста за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, беше топ – тема во медиумите во земјава и регионот. И за овој случај, на многу портали се проширија неточни информации и дезинформации. По нападот на 1 април 2024 година, повеќе портали на албански јазик објавија неточни наслови дека градоначалникот на Арачиново бил ранет. „НАЈНОВА ВЕСТ: Ранет […]

FEATURED
- 04/04/2024
134 views 4 sec

На Меѓународниот ден на проверка на факти, 2 април, во Скопје се одржа регионалната конференција „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите во дигиталната ера“,  организирана од Балканската мрежа за борба против дезинформациите, на која учествуваа експерти од регионот и ЕУ кои се занимаваат со проверка на факти и борба со дезинформациите, новинари, […]

FEATURED
- 04/04/2024
29 views 5 sec

Стара вест – нова дезинформациja. Ова е чест начин што го употребуваат некои Фејсбук страници за да ја зголемат читаноста и кликовите, дезинформирајќи на публиката. Таков е случајот со веста за три силни експлозии на северот на Косово, која на 16 март 2024 ја објавија Фејсбук страниците на албански јазик „Актуелитете“, „Албанска традиција“ и „Живот […]

FEATURED
- 03/04/2024
21 views 1 sec

И за неодамнешниот терористички напад во Москва, некои медиуми во земјава продолжија со некритичко пренесување на непоткрепени тврдења и дезинформации од руски пропагандисти. На 23 март 2024, порталите Локално и Антропол објавија во наслов дека напаѓачите во Москва биле Украинци, пренесувајќи тврдења на руската пропагандистка Маргарита Симонјан. „Напаѓачите не се од ИСИС, тоа се Украинци“, се вели во насловите. […]

FEATURED
- 02/04/2024
17 views 0 sec

Медиумите честопати се доведуваат во ситуација да шират дезинформации со некритичко пренесување на непроверени изјави од партиски лидери. Таков случај е интервјуто на „Фокус“ со новиот претседател на партијата „Десна“, Тони Алексовски, објавено на 26 март 2024. Во интервјуто, тој изнесува неточни тврдења за екстрадицијата од Турција на осомничениот за убиства, Љупчо Палевски-Палчо, поранешен лидер на „Десна“: […]