20 views 2 sec 0 Comment

Борел: Белград и Приштина го одбија европскиот предлог за Заедница на српски општини

- 27/10/2023

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека Белград и Приштина го одбиле предлогот за основање на Заедницата на српски општини, кој им го понудила Европската Унија.

-Двете страни не беа подготвени да ги прифатат и да се сложат околу условите – изјави Борел, но не прецизираше за каков предлог станува збор.

Борел рече дека двете страни поставиле предуслови кои се неприфатливи за спротивната страна.

-За жал, договорот не беше можен поради предусловите која секоја страна ги постави, а кои беа неприфатливи за другата страна – изјави Борел тој.

Според него, воспоставувањето на Заедницата на српски општини е голема пречка за нормализација на односите.

-Како би помогнале на двете страни да постигнат договор, сите ние заедно им предложивме европски, сериозен и урамнотежен предлог за воспоставување на заедницата и инсистиравме да ја искористат таа можност, што би било големо подобрување во процесот на нормализација и за избегнување на инциденти – изјави Борел.

Курти, пак, изјави дека нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово, претставен од западните дипломати, веднаш ќе биде проверен од Уставниот суд за да се оцени неговата уставност доколку договорот биде потпишан во Брисел.

Comments are closed.